Околу 70 лица се заробени во оштетени вагони на воз што излетал од шините во источен Тајван. Во несреќата загинале најмалку 48лица.

Како што соопштија од противпожарната служба, возот, во кој ималео околу 490 патници, удрил во камион што се лизнал од патот што води кон блиското градилиште. Повеќе од 40 патници се повредени.

Ова е најголемата железничка трагедија на островот во последните четири децении.

Експресниот воз сообраќал помеѓу Тајпеј и Таитунг, а во него се превезувале голем број туристи и луѓе кои тргнувале кон своите домови пред почетокот на викендот.

Објавената снимка покажува сериозно оштетени вагони во тунелот додека спасувачите се обидуваат да стигнат до патниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.