Кина денеска испрати 52 борбени авиони во близина на Тајван, продолжувајќи ја тридневната воена активност во близина на островот, за кој смета дека е нејзина територија. Ова е досега најголем воен контингент испратен кон островот.
Тајванското министерство за одбрана соопшти дека ги внимателно ги следи кинеските воени авиони, користејќи системи за противвоздушна одбрана.
Пекинг се уште го смета Тајван за дел од својата територија, одбива да ја признае неговата влада и се обидува што повеќе да го изолира.
Последниот спор меѓу двете страни ескалираше на 23 септември, кога Тајван ја објави својата намера да се приклучи на трговската група на пацифичките земји, за која Пекинг аплицираше за членство една недела претходно.
Кина во петокот испрати 38 борбени авиони кон Тајван, а еден повеќе 39 во саботата, што беше најголем број вакви летови во еден ден од септември 2020 година, кога тајванската влада започна да објавува извештаи за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.