Не е толку добро колку што би сакале да биде, но реално, не е ниту толку лошо- со овие зборови Паскал Сорио, претседателот на УО на фармацевтската компанија Астразенека ја дефинираше состојбата со дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19 во разговор за италијанскиот дневен весник La Repubblica .
Тоа е одговор на низата критики кои стигнаа од ЕК, но и од поединечни држави членки на ЕУ за однесувањето на ова компанија кога станува збор за доставата на вакцини.
Астразенека минатиот петок го извести Брисел дека нема да може во следните недели да ги испорача количините вакцини кои биле договорени со потпишаниот договор со ЕК.
Европската унија го претфинансираше произвотството и развојот на вакцината и сака да ги види резултатите од вложеното. Сака точно да знае дали дозите кои Атразенека досега ги произведе се испорачани, и ако се, кому му се испорачани, изјави во понеделникот Стела Кирјакидес по состаното на претставник на Комисијата, земјите членки и претставник на британско-шведската компанија Астразенека.
Соио наведува оти клучниот проблем е нискиот приход во процесот на произвоство на векацините во фабриките кои произведуваат за Европа и тоа примапрно кога станува збор за супстанцата. За веднаш потоа да наведе дека „пред една година немало вакцина. Кога станува збор за така брз процес во него настануваат застои, проблеми.
Тој истакнува дека слични проблеми има и во погоните во САД, а кога станува збор за Европа, челникот на Астразенека смета дека проблемот во фабриката во Белгија е во последната фаза, во филтрирањето.
Но тоа е комплицирано, посебно во раната фаза во која се наидува на низа проблеми. веруваме дека ги дефиниравме тие проблеми, но поради тоа доцниме два месеци, наведува Сорио, кој потврди дека се вакцинирал, а на својата 92-годишна мајка и ја препорачал Фајзер која и била понудена.
Посебно остро ги нападна изјавите од ЕУ дека ќе се забрани извоз на вакцини, наведувајќи дека токму ЕУ инсистираше вакцините да мора да им бидат достапни на сите. Челникот на фармацевтската компанија рече дека сега е очигледно дека вакцината стана политичка алатка, како што претходно беа маските и тестовите.
Ве молам имајте во предвид дека тоа го направиваме за неколку месеци, а такви процеси во други услови траат со години, наведува францускиот менаџер.
извор: Јутарњи лист
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.