Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел примила најмногу големи донации во фискалната 2018 година, покажаа најновите извештаи.
Од неколкуте истакнати политички партии во Берлин, ЦДУ примила значително голем дел од вкупно 2,4 милијарди долари, колку што се смета дека изнесуваат големите политички донации во земјата за изминатата година.
Компаниите кои се задоволни од економските политики на ЦДУ се најголемите финансиски поддржувачи на партијата на Меркел, иако таа се повлекува од претседателската позиција каде ја наследи Анегрет Крамп-Каренбауер.
Парламентарната администрација во Берлин откри дека ЦДУ добила 972.267 долари во донации од поддржувачите во кои се вбројуваат и акционери во германскиот автомобилски гигант BMW.
Најголема донација ЦДУ прими од поранешниот главен извршен директор на фармацевтската компанија Merck, Ханс-Јоаким Лангман, кој во јули „искеширал“ речиси 300.000 долари.
Партијата на Меркел има речиси тројно повеќе донации од коалицискиот партнер, Социјалдемократската партија, која доби нешто повеќе од 300.000 долари во 2018 година.
Во мај имало солидна еднократна донација од 400.000 долари за Германската комунистичка партија (ДКП).
Хемиската компанија Evonik и автомобилскиот производител Daimler им донирале на Социјалдемократите и на ЦДУ по нешто повеќе од 200.000 долари во текот на 2018 година.
Политичкиот сојузник на ЦДУ – Баварската христијанско-социјална унија – прими околу 715.000 долари од Здружението на баварските металопреработувачки и електроиндустрии.
Во Германија е забрането да се донираат огромни суми на германски политички партии од земји кои не се членки на ЕУ и секоја донација над 50.000 евра (57.192 долари) мора да се пријави кај претседателот на Парламентот, појаснува Deutsche Welle.
Меркел ќе се повлече од позицијата канцелар на Германија во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.