Властите во Париз денеска донесоа уредба со која се забранува џогирање преку ден за да се намали контактот меѓу луѓето и да се спречи ширењето на коронавирусот.

Забраната ќе важи во периодот од 10 до 19 часот, пренесува Би-би-си.

Франција вчера забележа огромен број починати од Ковид-19 во еден ден – дури 833. Заразени се 98. 010 лица, а починати 8. 911 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.