Француските власти најавија дека ќе побараат од Европската Унија да покрене тужба против Велика Британија поради повеќемесечниот спор меѓу Лондон и Париз за правото на риболов.
По средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и претставниците на француските рибари, Париз соопшти дека ќе побара состанок на Партнерскиот совет ЕУ-Велика Британија, политичкото тело задолжено за прашањата по Брегзит.
Во центарот на спорот Париз-Лондон се британските риболовни дозволи. Пред Брегзит, француските рибари можеа да ловат длабоко во британските води. Сега им треба посебна дозвола од владата во Лондон или од самоуправните британски територии за да ловат риба во одредени области. Франција доби 93 отсто од дозволите што ги побара, но бара одобрување на уште 73 лиценци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.