Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и неговиот германски колега Хајко Маас во средата ја повикаа Европската унија да воведе санкции кон Русија во врска со наводното труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
Досега не е дадено веродостојно објаснување од Русија. Во овој контекст, сметаме дека нема друго веродостојно објаснување за труењето на Навални, освен руската вмешаност и одговорност, се вели во нивното заедничко соопштение.
Европскиот парламент неодамна одобри резолуција со која се повикуваат на дополнителни санкции за Русија во врска со наводниот обид за одземање на животот на Навални. Москва го отфрли овој потег како доказ дека случајот е завиен план за запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.