Иако во Франција нема рекордни рекордни температури како во последните денови од јуни, забраната со која автомобилите големи загадувачи протерани од Париз за време на топлотниот бран ќе остане во сила како дел од новите мерки за борба со смогот.

Од почетокот на јули, на листата на постари возила, големи загадувачи на животната средина на кои им е забрането движење на улиците во Париз, е проширена и во неа се вклучени дизел автомобили, камиони и мотоцикли постари од 13 години. Таа мерка ќе погоди десетици илјади возила.

Возачите кои не ја почитуваат забраната ќе платат парична казна од 68 евра односно 135 евра за камиони и автобуси.

Властите ги протеруваат загадувачите и надвор од границите на градот, од 47 окрузи што го сочинуваат поширокиот регион во Париз.

Од почетокот на јули, важечката забрана за дизел автомобили постари од 18 години и возила за бензин постари од 21 година е проширена на новиот „појас со мала штетна емисија на гасови“.

Таа мерка ќе погоди 30.000 возила во поширокиот регион во Париз, каде што живеат 5,5 милиони луѓе.

И додека прекршителите во центарот на Париз ќе платат казни, оние од предградијата, кои во голема мера зависат од возењето, нема да бидат казнети во првите две години од забраната. Владата се согласи на двегодишен период на неказнивост поради тоа што им се спротивставија некои градоначалници кои стравуваа дека забраната ќе ги разбесни „жолтите елеци” и ќе предизвика нови протести, како што се оние што почнаа во 2018 година, поради зголемувањето на цените на горивото.

Загадувањето на воздухот е причина за 48.000 смртни случаи годишно во Франција, според здравствената служба, и тоа е втор по големина „убиец” по пушењето и пред алкохолот.

Градоначалничката на Париз Ан Идалго ја предводеше кампањата за борба против смогот што повремено го покрива градот и за повеќе простор за велосипедисти, пешаци и јавен превоз.

Главниот град на Франција планира постепено да ги отстрани автомобилите на дизел гориво од сообраќај до 2024 година, кога ќе биде домаќин на летните Олимписки игри.

Француската влада на претседателот Емануел Макрон, исто така, ја постави заштитата на животната средина како приоритет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.