Папата Франциско на плоштадот Свети Петар додека ги поздравуваше децата и поклониците во еден момент удри жена по раката за да се ослободи од нејзиниот стисок.

Инцидентот се случил додека папата Франциско се движел во центарот на Ватикан. Во еден момент, една жена го зграпчила за рака и го привлекла кон себе.

Папата е видно вознемирен од ваквата неочекувана постапка и за да се ослободи од нејзиниот стисок почнува да ја удира жената по рака, дури во еден момент и ѝ свикува, јави Си-ен-ен.

Пред да го зграпчи папата за рака, жената се прекрстила. Таа му се обратила на 83-годишниот папа додека го повлекла кон себе, но не е јасно што се обидува да му каже.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.