Папата Франциск денеска ги повика водачите на државите членки на Европската Унија да работат заедно за да се справат со социјалните и економските последици од пандемијата на коронавирусот.
За време на својата денешна служба, папата истакна дека поминале 75 години откако Европа го почна предизвикувачки процес на помирување по Втората светска војна, процес што доведе до европска интеграција и „долг период на стабилност и мир”.
Тој рече дека се моли истиот дух што ја инспирирал европската интеграција дека ќе ги инспирира сите оние во ЕУ кои имаат одговорност да се борат против коронавирусот „во духот на хармонијата и соработката”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.