На плоштадот Свети Петар во Ватикан денеска папата Франциско го започнал својот “Урби ет орби”, на кој се моли за крај на пандемијата на коронавирусот и им ја дава својата целосна прошка на верниците.

Во нормални околности плоштадот Свети Петар би бил полн со луѓе кои ја слушаат пораката на папата, но денеска нема никој. Плоштадот е осветлен со сина светлина, врне и папата е сосема сам.

Папата го повикал целиот свет да се обедини во молитва и со тоа да одговори на пандемијата.

Пред вирусот сите сме во истиот чамец, сите. Се молиме да не не остави Бог во оваа бура. Папата им се обрати на верниците со следните зборови: Не плашете се. И заедно со Петар ги пренесуваме сите наши грижи кон Господ, бидејќи Тој се грижи за нас. Веќе со недели изгледа како да паднала ноќ. Густиот мрак се надви над нашите плоштади, улици и градови. Тоа ги презеде нашите животи исполнети со заглушувачка тишина и празнина која парализираше се. Тоа може да се почувствува во воздухот, можете да го почувствувате во своите постапки. Се најдовме исплашени и изгубени. Се чувствувавме силно и способно за се. Но бурата ја откри нашата ранливост и оние лажни сигурности врз кои ги градевме нашите планови, нашите проекти, нашите навики и приоритети. Стереотипите со кои го маскираме своето его, ги сруши бурата. И откриено е ова благословено заедништво. Дека едни со други припаѓаме како браќа, рекол папата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.