Папата Френциск истакна дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинирањето против корона вирусот.
Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе – рече Папата.
Говорејќи за време на својата неделна јавна аудиенција, Папата изјави дека по пандемијата на Ковид-19, животот не може да се врати во нормалност ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природната средина.
Колку би било тажно ако приоритет за добивање на вакцината против Ковид-19 им биде дадена на најбогатите – истакна поглаварот на римокатоличката црква.
Папата Франциск оцени и дека би било скандалозно ако целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, заврши во заживување на индустриите кои не им помагаат ниту на сиромашните, ниту на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.