Папата Франциск денес ја почна својата апостолска посета на Унгарија, која ја прогласи за „аџилак во срцето на Европа“. Како дел од аџилакот, папата ќе ја посети и Словачка.

Утринава папата се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој присуствуваше и на мисата на Плоштадот на Хероите во Будимпешта, каде ќе се означи и крајот на еднонеделниот меѓународен конгрес на Католичката Црква, голем црковен собир кој се организира секои четири години. Папата неодамна претрпе операција, по што ја одбра Унгарија за првата дестинација која ќе ја посети.

За време на посетата, папата особено ќе се посвети на заживување на споменот на маченичките кардинали Јозеф Миндшенти од Унгарија и Јан Хризостом Корец од Словачка. Миндшенти бил кардинал на католичката црква во Унгарија од 1945 до 1973 година, при што бил водечки противник првин на фашизмот, а потоа и на комунистичката диктатура, апсен и измачуван од двата режими, при што 15 години живеел во политички азил во американската амбасада во Будимпешта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.