Папата Франциск, за време на обраќањето пред верниците на плоштадот Св. Петар во Ватикан, најави дека планира во септември да ги посети Унгарија и Словачка.
Папата потврди дека ќе присуствува на централната миса на 52. Меѓународен евхаристиски конгрес во Будимпешта на 12 септември и истиот ден ќе отпатува за Словачка.
Во таа земја, Папата ќе го посети главниот град Братислава, како и градовите Прешов, Кошице и Шастин, објави Светата столица.
Одамна се очекуваше дека поглаварот на Католичката црква може да дојде на миса во Будимпешта на Плоштадот на хероите на 12 септември – соопштија од Ватикан.
Ватикан не коментира дали папата Франциск ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неговата посета на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.