Папата Франциск изјави дека граѓанската војна во Сирија е една од најлошите хуманитарни кризи на денешнината.

Тој порач дека 10-годишнината од избивањето на војната треба да ги поттикне сите во светот да побараат малку надеж за таа земја.

Го повторувам својот искрен апел за да можат сите страни во судирот да покажат знак на добра волја и да може да му се укаже малку надеж на исцрпеното население. Во Сирија се случи секаков вид на насилство и огромно страдање на населението, особено на најзагрозените, како што се децата, жените и возрасните – истакна Папата за време на неделната молитва на Плоштадот Свети Петар.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој минатиот понеделник се врати од Ирак, ја повика меѓународната заедница одлучно да се посвети на прекин на војната и да помогне во обновата и економското закрепнување на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.