Папата Франциск ги повика влијателните учесници на Светскиот економски форум во Давос во центарот на јавната политика да ги стават луѓето, а не профитот.

Во писмено обраќање, Папата ги потсети делегатите на „моралната обврска во центарот на јавната политика да го стават човекот, а не само стремежот за власт или профит“.

Форумот претставува сцена на која „политичката волја и меѓусебната соработка можат да бидат насочени и зајакнати за надминување на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација која, за жал, ја карактеризираат премногу современата дебата, вели папата Франциск.

Во Давос Папата е претставуван од кардинал од Ватикан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.