Папата Франциск ги повика членовите на парламентите ширум светот да ја надминат тесната рамка на политиката на нивните партии, со цел брзо да се постигне договор за борба против климатските промени.

Папата им се обрати на парламентарците кои беа во Рим на подготвителната средба пред годишната конференција на ОН за климата, што почнува во Глазгов, Шкотска, на 31 октомври.

Франциск се повика на заеднички апел што тој и другите верски водачи го потпишаа оваа недела, повикувајќи ги владите да се посветат на амбициозните цели на конференцијата на ОН, која експертите ја гледаат како клучна можност за справување со заканата од глобалното затоплување.

За да се соочиме со овој предизвик, секој има своја улога. Политичките и владините лидери се особено важни и навистина пресудни – изјави Папата пред парламентарците од многу земји на кои беше домаќин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.