Папата своето божиќно обраќање до ватиканската бирократија го посвети на злоставувањето, што е доказ дека сите откритија кои оваа година излегоа во јавноста го потресоа неговиот понтификат и доведоа до криза во довербата во католичката хиерархија.
Тој призна дека црквата во минатото сериозно не се занимавала со овие прашања, но вети дека во иднина никогаш нема да ги прикријат или отфрлуваат случаите и дека „ќе стори сѐ што може“ за педофилите да се соочат со правдата.
Папата ги повика жртвите да истапат и испрати предупредувања до злоставувачите.
„Променете се и предадете се на човековата правда и подгответе се за божествена правда“, наведе папата, пренесе Си-ен-ен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.