Ослободете се од зависноста од мобилните телефони, нагласи папата Франциско во говор пред група италијански тинејџери во средното училиште Висконти во центарот на Рим.
Папата рекол дека се согласува оти мобилните, како технолошки напредок, се одлична помош во секојдневието, и дека треба да се користат во позитивни цели и умерено. – Оти, кога еднаш ќе станете слуга на својот мобилен телефон, ја губите слободата, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.
Натаму, тој ги повика младите „да не се плашат од тишината и самотијата“.
Не секогаш секако, оти тоа не е многу добро за луѓето, но повремено човек треба да најде време само за себе – нагласи папата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.