Податоците од анкетите на Ројтерс/Ипсос покажуваат дека многу повозрасни Американци му го вртат грбот на претседателот Доналд Трамп оваа година, поради тоа шот корона вирусот ја опустошил земјата, разнишувајќи ја важната база за поддршка на републиканците што му помогна да ја освои Белата куќа во 2016 година.

Националните истражувања на Ројтерс/Ипсос во септември и октомври покажуваат дека Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден речиси рамноправно ги делат американските гласачи на возраст од 55 години и постари: 47 отсто велат дека ќе гласаат за Бајден, додека 46 проценти го поддржуваат Трамп.

Тоа може да биде алармантен знак за претседателот, кој заостанува зад Бајден на 25 дена пред изборите.

Републиканците со години се потпираа на поддршката на повозрасните Американци на националните избори, рутински профитирајќи од демографијата која како сила постојано се појавува на денот на изборите.

Трамп ја освои возрасната група плус 55 плус со 13 процентни поени во 2016 година. Мит Ромни, кандидат за претседател на Републиканската партија во 2012 година, ја постигна истата разлика.

Анкетите исто така покажуваат дека Бајден е подобар од Хилари Клинтон, кандидат за претседател на Демократската партија во 2016 година, меѓу постарите гласачи во неколку држави каде што постарите лица сочинуваат поголем дел од електоратот.

Победата во тие држави ќе биде од клучно значење за исходот од трката во 2020 година.

Бајден води пред Трамп меѓу постарите гласачи во Висконсин со 10 поени и привлекува приближно иста поддршка како и Трамп во таа демографска група во Пенсилванија, Мичиген, Флорида и Аризона.

Пред четири години, Трамп ги освои постарите гласачи во секоја од тие држави со 10 до 29 поени разлика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.