За време на пандемијата се зголемил бројот на милијардери во Германија, а се значително се зголемило и нивното богатство.

Како што покажуваат проценките на консултантската куќа ПВЦ и швајцарската банка УБС, бројот на милијардери се зголемил од 114 на 119 лица а вкупната имотна вредност на милијардерите, до крајот на јули се зголемила на 594,9 милијарди долари.

Најбогатото семејство во Германија е семејството Рејман, чие богатство се проценува на 32 милијарди евра. На второ место е основачот на Лидл, Дитер Шварц, со околу 30 милијарди евра имот.

На трето место се Сузана Клатен и Штефан Квант, кои поседуваат половина од акциите на БМВ, но нивните средства поради корона-кризата, доживеале пад за 1,5 милијарди, на 25 милијарди евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.