Според податоците на интернет страницата „Ворлдометерс“ од почетокот на пандемијата на Ковид-19 досега починале повеќе од 900.000 луѓе во светот.

Поточно, од вкупно 27.681.757 лица кај кои е потврден корона вирусот, досега починале 900.004 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, излекувани се 19.733.597 лица.

На прво место во светот според бројот на заразени лица се САД со потврдени 6.504.531 случај, а земјата има и најмногу смртни случаи од последици од Ковид-19, односно 193.867.

Со регистрирани 4.367.436 случаи, Индија е на второ место во светот по бројот на заразени, по што следува Бразил, каде корона вирусот досега е потврден кај 4.162.073 лица.

На второ место според бројот на смртни случаи е Бразил со 127.464 починати, додека Индија, каде починаа 73.923 пациенти, е на трето место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.