И четвртиот итен состанок на Советот за безбедност на ОН, во рок од осум дена,  посветен на израелско-палестинскиот конфликт не донесе заедничка изјава, поради тоа што САД сè уште веруваат дека тоа нема да придонесе за смирување на конфликтот.

Не веруваме дека јавно соопштение во овој момент би придонело за смирување на сосотјбата – изјави американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

Од 10 мај, кога почнаа судирите меѓу палестинските екстремисти во Појасот Газа и израелската армија, САД отфрлија три нацрт соопштенија со кои се повикува на прекин на насилството, подготвени од Кина, Тунис и Норвешка.

Нашата цел беше и ќе продолжи да биде интензивен дипломатски ангажман за ставање крај на ова насилство – изјави американската амбасадорка отфрлајќи ги критиките од другите членови на Советот за безбедност поради блокадата на САД и фактот дека органот надлежен за мирот во светот не презема акција.

По последната средба зад затворени врати, амбасадорката на Ирска, Џералдина Бирн Несон, изјави дека Советот сè уште не може да зборува едногласно, дека конфликтот беснее и дека хуманитарните последици се поразителни.

Таа додаде дека треба да се каже нешто јавно и потсети дека земјите-членки имаат колективна одговорност за меѓународниот мир и безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.