Пакистан донесе одлука да забрани невакцинираните возрасни лица да патуваат на домашни летови, како мерка да се зголеми стапката на вакцинација и да се избегнат нови карантини поради корона вирусот.

Министерот за авијација, Гулам Сарвар Кан, ја објави забраната на Твитер, наведувајќи дека „само целосно вакцинирани патници над 18 години ќе можат да користат домашни летови во Пакистан“.

Пакистанската влада минатата недела соопшти дека, почнувајќи од денеска, невакцинираните луѓе нема да можат да работат во канцеларии или да влегуваат во трговски центри.

Во Пакистан, земја со 220 милиони жители, целосно се вакцинирани околу 30 милиони луѓе и нема недостиг на вакцини.

Од почетокот на пандемијата, Пакистан регистрира 1,2 милиони заразени и 27.785 смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.