Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека утре ќе соопшти дали мандатот за состав на нова Влада ќе му го даде на Јанез Јанша.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа најава доаѓа по парафирањето на коалицискиот договор меѓу партиите СДС (Словенечка демократска партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија).
ПОП ТВ веќе објави дека Словенија добива нова Влада, но дилемата која сега се отвори е дали овие партии ќе имаат доволен број гласови во Собранието, имајќи предвид дека во дел од партиите има пратеници кои отворено кажаа дека нема да учествуваат и нема да поддржат влада на чие чело би бил Јанез Јанша.
Новите коалициски партии меѓу себе веќе си ги поделија и министерските места во новата Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.