Најмалку 40 луѓе се повредени во силен земјотрес на северот на Перу, објавија локалните здравствени власти.
Болницата во градот Сулена јави дека три лица се потешко повредени, меѓу кои и една трудница, а полесно се повредени неколку десетици луѓе.
Земјотресот со магнитуда од 6,1 степен според Рихтер, бил со епицентар на 12 километри од Сулана во регионот Пиура, на длабочина од 36 км, соопшти Сеизмолошкиот центар на Перу.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека се оштетени 187 куќи, а во шест не може повеќе да се живее.
Потресите се почувствувале во поглемиот дел од регионот, како и во соседен Еквадор.
Телевизијата РТП соопшти дека оштетена е и фасадата на катедралата во главниот град на покраината Пиура. Жителите бегале од зградите и брале сигурност на отворено.
Во округот Колан на Пацификот, пријавени се и неколку лизгања на земјиште.
Претседателот Педро Кастиљо ја напушти воената парада во Лима што се одржуваше по повод 200-годишнината од Декларацијата за независност и отпатува во погодениот регион.
Во реонот на брегот на Перу често има силни земјотреси затоа што земјата лежи на пацифичкиот огнен прстен, подрачје обележано со сеизмички потреси и со околу 128 активни вулкани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.