„Судирот“ на падобранецот со бандера кој не успеа да слета ја одбележа воената парада во Мадрид по повод националниот празник. Падобранецот требаше да слета и да го предаде шпанското знаме на кралот, но наместо тоа, тој се закачи на бандерата и висеше пред очите на кралот Фелипе VI, неговата сопруга Летиција и нивните ќерки.

Кралското семејство сепак му даде поддршка на падобранецот и започна да му аплаудира. Војникот потоа го откачи знамето за да биде навреме подигнато за одбележувањето на пристигнувањето на Кристофор Колумбо во Америка во 1492-ра година.


Од шпанското Министерство за одбрана соопштија дека војникот бил еден од најискусните во шпанската армија со околу 600 скокови и дека поминал без повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.