Неколку водечки медиски сајтови во моментов се недостапни. Си-Ен-Ен, Фајненшл тајмс, Њујорк тајмс, Гардијан, Индипендент…и уште некои не можат да се отворат.

Британски Би-Би-Си, чија страница во меѓувреме стана повторно достапна, пишува дека првите информации сугерираат дека проблемот може да биде поврзан со услугите на провајдерот Fastly, чии услуги ги користат многу од најпосетуваните страници во светот.

Покрај медиумите, проблеми во нивната работа пријавуваат и корисниците на социјалните интернет платформи Twitter, Reddit, Twitch, потоа Amazon, Paypal и Spotify.

Освен медиумите, официјалната веб-страница на британската влада – gov.uk, на која стои пораката: „Error 503 Service Unavailable“, е недостапна, пишува Би-Би-Си.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.