Најголемите германски производители на автомобили ја повикаа германската Влада да помогне за заживување на побарувачката, бидејќи епидемијата на коронавирусот предизвика загуби во првиот квартал од оваа година.
Според предвидувањата на Фолксваген, глобалната продажба на автомобили годинава ќе забележи пад од 15 до 20 проценти.
Компанијата „Дајмлер“ објави пад на профитот од 70 проценти во првиот квартал.
Барањата на германските производители на автомобили се упатени пред најавениот самит на канцеларката Ангела Меркел со лидерите во автомобилската индустрија, на кој ќе се разговара како може да заживее најважната гранка на германската индустрија по тешките последици што ги предизвика епидемијата на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.