Демонстраните во Портланд прво го запалиле, а потоа го срушиле споменикот на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, со објаснување дека, еден од основачите на држвата, бил сопственик на робови.
Споменикот на Џорџ Вашингтон е срушен ноќта помеѓу четвртокот и петокот, пренесуваат локалните медиуми.
Пред споменикот да биде срушен, демонстрантите главата на првиот претседател на САД ја замотале со американското знаме и ја запалиле.
Во градот претходно е срушен споменикот на Томас Џеферсон, третиот претседател на САД, кој исто така бил сопственик на робови.
Со ова се продолжува со рушење и сквернавење на спомениците ширум САД, прдизвикано од незадоволството заради се уште нагласените расни разлики и дискриминации.
Медиумите денеска пренесоа дека статуата на италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо е отстранета од американскиот град Сан Франциско
Трендот на рушење споменици се прошири и во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.