Aмериканската сојузна држава Њујорк е најтешко погодена од коронавирусот, со досега 149,316 потврдени случаи на заболени.

Болниците одамна се преполни, а медицинскиот персонал се справува како знае и умее. Докторите и сестрите од тамошните болници предупредуваат дека од вирусот не страдаат само постарите пациенти кои имаат и други хронични болести, туку дека ненадејна смрт се јавува и кај младите пациенти.

Пациентите изгледаат добро, се чувствуваат добро и одеднаш веќе не реагираат. Параноична сум, не се осудувам да излезам од нивните соби за да не им се случи нешто, раскажува медицинската сестра Дијана Торез за американските медиуми.

Таа работи во болницата Маунт Синаи во Њујорк, градот епицентар на пандемијата во САД.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.