Жена од Кина која се опорави од тешката пневмонија предизвикана од новиот коронавирус, раскажа за својата болест и искуства за Агенцијата Синхуа.
На 15 јануари дојдов дома за да ја прославам кинеската Нова година. Мојот сопруг дојде до железничката станица да ме однесе дома и виде дека се чувствувам многу лошо. Веднаш ме однесе во локална болница. Неколкудневното лекување не даде позитивен резултат. На 21-ви јануари бев префрлена во Централната болница во Сансја, ме сместија во изолационото одделение, каде ми беше дијагностицирана пневмонија предизвикана од новиот вид коронавирус.
Лекарите спроведоа антивирусен и антиинфективен третман, тие дури користеа и методи на традиционална кинеска медицина. Во последниве денови, сите симптоми се променија на подобро. Лекарите рекоа дека можат да ме пуштат на домашно лекување. Болницата не ми зеде ниту еден јуан за целиот третман “, раскажува жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.