Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика Индијците во недела, со држење свеќи и мобилни телефони в рака, девет минути да ги растеруваат „мракот и несигурноста” од кризата со коронавирусот.

Во Индија вчера, со новите 53 инфицирани, веќе се потврдени над 2.000 регистрирани случаи на зараза и покрај тоа што некои експерти укажуваат дека земјата со население од 1,3 милијарда лица, премалку врши тестирања врз луѓето.

Индија е „целосно изолирана” од 25 март, оставајќи одненадеж без работа милиони работници мигранти и потикнувајќи стотици илјади од нив да се обидат да се вратат во своите родни села, најчесто и пешки.

Пријатели, меѓу темнината што се шири со пандемијата, ние треба постојано да одиме напред кон светлината и надежта. Треба да ја победиме длабоката темнина на кризата, со тоа што ќе ја шириме славата на светлината во сите четири правци на светот, изјави Моди.

Моди уште кажа дека луѓето треба да го изгаснат светлото во недела вечер, во 21 часот, и девет минути да држат запалени свеќи и вклучени светла на своите мобилни телефони, на влезовите и балконите од своите домови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.