Жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди.

Тие први во светот влегоа во новата година со огномет, а Самоа донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да направат огномет.

По овие острови, Австралија влегува во новата 2022 година, исто така со огномет.

Во огнометот во Сиднеј ќе бидат испукани шест тони пиротехника.

И покрај епидемиолошките мерки, повеќе десетици луѓе ќе го гледаат огнометот во живо на улиците.

Но, поради епидемиолошката состојба секој што ќе сака ќе мора однапред да резервира билети за една од 30-те точки од кои ќе се следи спектаклот, кој ќе се пренесува во живо на телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.