Дел од светските лидери сè уште не испратиле честитки до кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, кој, неофицијално, победи на изборите во САД.

Меѓу нив е и рускиот претседател Владимир Путин, кој не објави твит, телеграма или телефонски повик до Бајден.

Портпаролот на Кремљ, Димири Песков, изјави дека верува оти би било исправно да се чекаат официјалните резултати од изборите.

Бајден е гласен критичар на Москва и неодамна ја посочи Русија како најголема закана за Америка.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, сè уште не испратил честитки до eо Бајден. Тој му честиташе на Доналд Трамп во 2016 година, ден по победата во анкетите, но овојпат, Кина избегна каква било реакција на резултатите од американските избори.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на брифингот во понеделникот ја спомена најавата за победата на Бајден, но рече дека Пекинг ќе го следи почитувањето на „американскиот закон и процедури“.

Не се огласи ниту севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Севернокорејските медиуми не известуваат за изборите во САД од понеделникот.

Доналд Трамп беше близок соработник на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, па се уште ни тој не се огласи со честитки за Бајден.

АФП пишува дека победата на Бајден е удар за Болсонарo, кој го поддржуваше до самиот крај на кампањата.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез, изјави дека ќе го чека судскиот исход на изборите и не испрати честитки.

На списокот се и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот принц Мохамед бин Салман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.