Тинејџерот кој фрли шестгодишно дете од терасата на музејот „Тејт модерн“ во Лондон, се вика Џонти Брејвери, објавено е денеска во британските медиуми. Неговото име не се откриваше во јавноста, поради неговите години, но неодамна станал полнолетен, па неговите фотографии го обиколија островот.

Во август годинава тој беше уапсен и осомничен за обид за убиство на момчето, инаку Французин кој со своето семејство бил во туристичка посета на Лондон. Брејвери го оттргнал од рацете на мајка му и го фрлил од панорамската платформа на музејот. Детето паднало на покривот од петиот кат од уметничката галерија и итно со медицински хеликптер е пренесено во болница, каде се наоѓа и денеска со тешки повреди на главата, рбетот, екстремитетите.

Нашиот син не може да зборува, да јаде, ниту да се помести, но се труди да го мрда јазикот и десната рака и дланка, соопштиле неделава неговите родители.

Според иследниците, не постојат докази оти момчето и Брејвери се познавале. Според очевидците на настанот, тој пред нападот се однесувал чудно, седел со рацете позади грбот и повеќе од два часа не се поместил од место.

Судењето почнува во февруари.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.