Британските медиуми пишуваат дека мажот кој вчера уби маж на Лондон бриџ и рани уште 28 луѓе е 28-годишниот Усман Кан, познат на олицијата од порано.

Би-Би-Си објави дека веќе бил во затвор и дека бил осуден за тероризам, а и вчерашниот напад се третира како терористички. Бил осуден во 2012, а бил пуштен од затвор лани откако прифатил да носи електрична нараквица преку која може да се следи неговото движење.

Во тек е претрес на просториите што ги користел и според досегашните информации вчерашниот напад гоизвел сам.

Вчера околу 14 часот Кан започнал крвав пир на Лондон бриџ. Бодел со нож, а еден маж и една жена им подлегнале на повредите. Тројца се во болница. Го запреле граѓани се до доаѓање на полицијата, која го усмртила.

Овој напад не е прв на лондонскиот мост. Претходно имаше напад на 3 јуни 2017 година во кој беа убиени 8 луѓе,а повеќе ранети. До овој инцидент доаѓа откако териристичката закана во Велика Британија на 4 ноември беше намалена од „сериозна“ во „значајна“, што значи дека нападите се „веројатни“, а не „многу веројатни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.