Либискиот лидер Муамер Гадафи имаше голема страст кон жените и кон автомобилите. Тој непоредно пред да биде убиен имаше нарачано луксузна лимузина „Мајбах“.

Моделот „57S“ беше изработен специјално за него. Имаше кожни седишта, мини бар, непробојни стакла а од нула до 100 километри развива за пет секунди.

Но, тој никогаш не влезе во него и нарачката беше откажана непосредно по неговата ликвидација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.