Талибанците го зазедоа градот Кундуз, соопшти оваа вооружена група. Тоа е трет провинциски главен град што го презедоа џихадистите во последните три дена. Но, авганистанските власти негираат и тврдат дека се уште се водат борби.

Во соопштението на Талибанците се наведува дека тие го окупирале полицискиот штаб, седиштето на гувернерот и централниот затвор. Локални извори и новинари во Кундуз потврдија за Ал Џезира дека Талибанците се присутни во главниот град.

Денешното преземање на Кундуз доаѓа дојде откако џихадистите ги окупираа престолнините на провинциите Нимруз и Јоуџан во последните два дена. Кундуз беше под контрола на Талибанците во 2015 и 2016 година.

Талибанците вчера го зазедоа градот Шеберган, рече заменик -гувернерот на градот, еден ден откако Зарањ, град во провинцијата Нимруз, падна „без борба“.

„Новинар во центарот на Кундуз ни рече дека Талибанците ја презеле канцеларијата на полицискиот началник, канцеларијата на централниот изборен штаб и дека знамето на Талибанците се вее на кружниот тек во центарот на градот,  изјави репортерката на Ал Џезира, која известува од центарот на Кабул. – Владата негира дека Кундуз падна, но очигледно падна, вели таа.

Иако Талибанците од петокот окупираа два провинциски престолнини, Кундуз – лоциран на крајниот север – е најзначајното место што го освоија Талибанците во своите офанзиви, започнати во мај, по повлекувањето на странските војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.