Палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малки, го обвини Израел за геноцид врз палестинските семејства и апелираше до меѓународната заедница да го заштити неговиот народ додека му биде загарантирана слободата.
На вонредниот состанок на Генералното собрание на ООН за конфликтот меѓу Израел и Хамас, Ал-Малки порача дека „секоја земја во светот има одговорност да обезбеди мир и правда за да надвладее слободата“.
Тој апелираше до Генералното собрание да го повика на одговорност Израел за убивањето невини Палестинци.
Одговарајќи на тврдењето на Израел дека дејствува во самоодбрана, шефот на палестинската дипломатија праша „како окупаторската сила има право да се брани кога цел еден народ под окупација е лишен од истите тие права?“.
Во конфликтот што почна на 10 мај, досега палестинските екстремисти испукаа повеќе од 4.000 ракети кон Израел од Газа, а Израел одговори со воздушни напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.