Пожари, поплави и екстремни временски услови низ целиот свет во последните месеци се само најава за тоа што може да се очекува доколку продолжи глобалното затоплување, велат научниците, додека водечките светски авторитети за климатски промени предупредуваат на неизбежниот и страшен ризик за глобалната клима.
Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) денеска ја објави најсеопфатната проценка досега, помалку од три месеци пред важните разговори во ОН. Извештајот содржи 3949 страници, и може да се погледне тука.
Наодите од проценката се финализирани во саботата навечер и ја претставуваат осумгодишната работа на водечките научници во оваа област, пишува Гардијан.
Штетното влијание на човештвото врз климата е факт, велат научниците на ОН во студијата.
Авторите на извештајот тврдат дека не може да се исклучи дека нивото на морето ќе се зголеми за два метри до крајот на овој век.
Но, постои нова надеж дека со значително намалување на емисиите на стакленички гасови може да се стабилизира зголемувањето на температурите.
Денешниот извештај на Работната група 1 на ИПЦЦ е црвен аларм за човештвото“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ако ги здружиме силите сега, можеме да спречиме климатска катастрофа. Но, како што е јасно во денешниот извештај, нема време за одолговлекување ниту место за изговори. Сметам на шефовите на владите и сите засегнати страни да обезбедат успех на ЦОП26“, рече тој за разговорите за климатските промени што ќе се одржат во Глазгов овој ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.