Ким Јонг Ун на самитот со претседателот на Америка, Доналд Трамп првпат одговори на прашања на новинарите и тој потег ги изненади сите. Ким рече дека разговорите со американскиот претседател за нуклеарните прашања може да вродат со добар резултат.

Прерано е за прогноза, но не би рекол дека сум песимист“, одговорил севернокорејскиот лидер на прашањата на американските новинари.

Во овој момент ми се чини дека резултатите се навистина добри, додал Ким на краткиот брифинг со новинарите.

Американскиот претседател денеска, после изненадниот прекин на самитот во Ханоји, објаснил што се случило, наведувајќи дека „понекогаш мора да заминете“.

Би-Би-Си истакна дека лидерите на двете земји засега не размислуваат за одржување на трет самит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.