Лин Чи, претседателот на кинеската компанија „Јузу груп“ и продуцент кој работеше на ТВ-серијата „Проблемот со три тела“ на „Нетфликс“ почина на 39-годишна возраст.

Кинескиот тајкун наводно бил отруен од неговиот соработник. И полицијата потврди дека еден од колегите на Лин е главниот осомничен за смртта на продуцентот. Засега е објавено само презимето на наводниот убиец – Ксу (39), кој се наоѓа во притвор.

Како што пренесуваат светските медиуми, кинескиот продуцент најверојатно бил отруен по извршената поделба на власта, што очигледно не им се допаднало на сите инволвирани страни – отровот бил подметнат во шолја со чајот Пу-ер (Pu Erh), кој инаку е многу популарен во традиционалната кинеска медицина, бидејќи, меѓу другото, помага кај дигестивниот тракт (варењето), се користи во лекувањето на атеросклероза, настинка, крвавење и хепатитис, а исто така содржи и високо ниво на витамин Ц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.