Властите во главниот град на Индија, Делхи, ги затворија сите училишта и колеџи на неодредено време поради високите нивоа на загаденост на воздухот.

Градежните работи исто така се забранети до 21 ноември, но исклучок е направен за транспортните и одбранбени проекти.Само пет од 11-те електрани на јаглен во градот добија дозвола да работат.Отровната магла го задуши Делхи уште од фестивалот Дивали.

Густиот сообраќај и индустриските гасови, прашина и временски услови го прават Делхи најзагадениот главен град во светот. Воздухот станува особено токсичен во зимските месеци бидејќи земјоделците во соседните држави палат стрништа. А огнометот за време на фестивалот Дивали, што се случува во исто време, само го влошува квалитетот на воздухот. Ниската брзина на ветерот исто така игра улога бидејќи ги заробува токсините честички во долниот дел од атмосферата.

Оваа година, загадувањето стана толку страшно што предизвика строго предупредување од врховниот суд на Индија, кој им наложи на државните и федералните влади да преземат мерки за да се справат со проблемот.

Други мерки вклучуваат забрана за влез на камиони во Делхи и соседните држави Утар Прадеш, Пенџаб, Харајана и Раџастан до 21 ноември, освен оние што носат основни производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.