Пилотите на компанијата “Ethiopian Airlines” се бореле со автоматскиот систем во авионот речиси цело време во текот на 6-минутниот лет, се наведува во денешниот прелиминарен извештај.

Пилотите, кои не можеле да го стабилизираат “Boeing 737 MAX 8”, дури иако ги следеле сите упатства, се обиделе со заеднички сили да го кренат носот на леталото.

Како што се наведува, пилотот три пати го повикал копилотот да повлече нагоре, но за жал, не успеале да ја повратат контролата над авионот.

70 секунди по полетувањето од Адис Абеба на 10-ти март, еден од сензорите пратил погрешни информации до системот во авионот, укажувајќи им на пилотите неизбежно губење на висина.

Поради тоа автоматскиот систем го спуштал носот на авионот четири пати во текот на летот, така што пилотите не можеле да се изборат со тој проблем.

Пилотите ги испочитувале сите процедури на “Boeing”, но авионот летал пребрзо, па рачно подесување било физички невозможно.

По 2 минути, “Боингот” се урнал и загинале 157 патници и членови на екипажот.

Истрагата утврдила дека нешто слично се случило и на летот на индонезиската компанија “Lyon Air” во октомври, кога во пад на авион загинале 189 луѓе.

Истражувачите на несреќата во Етиопија се фокусирале на новиот систем за сила “MCAS”. Од “Boeing” соопштиле дека планираната поправка на софтверот ќе ја спречи операцијата која се повторува во системот и која е централен безбедносен проблем.

Снимките од црната кутија покажале дека пилотите панично ги проучувале упатствата за употреба пред нивниот авион да се урне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.