Француската министерка за одбрана Флоранс Парли денеска изјави дека поради грешки направени во текот на напорите да се сузбие ширењето на коронавирусот заразени се повеќе од 1.000 морнари на носачот на авиони Шарл де Гол. Сите освен еден морнар, меѓу кои имало дваесеттина хоспитализирани, сега целосно се опоравени, рече Парли пред Одборот за одбрана во Парламентот, пренесе „Ројтерс“.
Врз основа на информациите кои ги имаме денес имало грешки во текот на преземањето на мерките за борба против коронавирусот, рече француската министерка за одбрана. Истрагата покажува дека командантите и нивните медицински советници за прецениле способноста на носачот на авиони и неговата флотила да се соочи со вирусот, истакнала Парли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.