Бројот на мртви од новиот коронавирус меѓу стотината заразени во Кина порасна од 9 на 17, објавија кинеските власти.

Вкупниот број на заразени порасна на 571. Властите на кинескиот град Вухан, каде што се појави вирусот, го суспендираа авионскиот и железничкиот сообраќај.

Постои сомневање дека уште 393 лица заболеле од овој вирус, но тоа не е потврдено, пренесува „Ројтерс“.

„Си-ен-ен“ пишува дека изворот на новиот коронавирус може да бидат змии, кинеската кобра и кинескиот краит.

Змијата позната како кинески краит или тајвански краит е исклучително отровна змија која се наоѓа во средишниот дел и во јужна Кина и во југоисточна Азија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.