Откриено е кој е човек што пукаше во зградата на Федералната служба за безбедност во Москва. Станува збор за Евгениј Мањуров (39) од Подолск, кој се наоѓа на околу 40 километри од Москва.

Тој бил 39-годишен чудак и љубител на оружје. Мањуров уби еден член на Федералната служба за безбедност и рани уште петмина пред да биде убиен.

Полицијата во четвртокот вечерта го претресла станот во Мањуров, во кој живеел со мајка му.

Мањуров бил вработен во приватна безбедносна агенција, од која бил отпуштен и никогаш немал пријатели што го посетувале.

Поседувал одреден број пушки и учествувал во натпревари за стрелаштво. Тој заврши трет на натпревар во ноември. Во претресот на станот полицијата пронашла пет пушки со големо количество муниција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.