Банкарскиот сектор кој го тресе голема криза. На глобално ниво некои од најголемите светски банки најавуваат 60 000 откази.

Како што наведува Блумберг, голем број на најавени откази во најголема мера ќе опфатат европски работници. Без работа ќе останат дури 90 отсто од работниците на банкарскиот сектор.

Во Европа од новата банкарска криза најмногу ќе бидат погодени германските работници. Освен масовни отпуштања во престолнината на европската економија, без работа ќе останат и работници во Шпанија, Велика Британија и Франција.

По неодамна најавените откази голем број работници со цел рефинансирање на бизнисот во „HSBC“, „Santander“ и „Deutsche Bank“, која до 2022 година планира да отпушти 18 000 работници, новиот бран гасење работни места најави го најави и германската „Commerzbank“.

Во рамки на тригодишниот план на реструктуирање на бизнисот, без работа ќе останат дури 4300 вработени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.