Најголемиот саем за мобилни телефони во светот, Мобајл ворлд конгрес (Mobile World Congress) е откажан поради коронавирусот. Извршниот директор на организаторот Џон Хофман изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона.
Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, ГСМА го откажа Саемот Барселона 2020 затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот. Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот – рече Хофман, пренесува Врџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.